Министерството за финансии ќе врати 815 милиони денари, или околу 13 милиони евра во стопанството по основ државни записи. Денеска доспеваат за враќање 3,292 милиони денари, додека на вчерашната аукција беа реализирани 2,477 милиони денари. При вчерашната аукција каматните стапки беа намалени и до 0,35 процентни поенти, односно кај шетсмесечните записи од 3,70 на 3,40 проценти, кај едногодишните од 4,25 проценти на 3,9 проценти и кај петгодишната обврзница од 5,15% на 4,9%. Целта е да се исполнат барањата на бизнис заедницата за подобрување на ликвидноста во стопанството преку намалување на зафаќањата на пазарот на капитал.
Министерството за финансии ќе врати 815 милиони денари, или околу 13 милиони евра во стопанството по основ државни записи.
- Денеска доспеваат за враќање 3,292 милиони денари, додека на вчерашната аукција беа реализирани 2,477 милиони денари - соопшти Министерството за финансии.
При вчерашната аукција каматните стапки беа намалени и до 0,35 процентни поенти, односно кај шетсмесечните записи од 3,70 на 3,40 проценти, кај едногодишните од 4,25 проценти на 3,9 проценти и кај петгодишната обврзница од 5,15% на 4,9%.
- Целта е да се исполнат барањата на бизнис заедницата за подобрување на ликвидноста во стопанството преку намалување на зафаќањата на пазарот на капитал - се вели во соопштението.